Фрц ласер, Оооп дожд :)

popara4 септември, 20111min00
laser za dozd naslovna

Научниците открија начин како со џиновски ласери да создадат дожд. Процесот е наречен „ласерска кондензација на вода“. Имено овој процес еден ден би можел да помогне до откривање на тајните на метеоролошките циклуси, а со тоа луѓето би биле во можност да ги контролираат временските услови на Земјата.

Веќе некое време во светот е позната техниката „сеење на облаците“. Меѓутоа оваа техника се смета за небезбеден начин за произведување на дожд, бидејќи на тој начин се испуштаат честици на сув лед и сребрен јодид штетни за здравјето на луѓето и животните. Новата ласерска технологија е со многу повеќе „чувство“ за животната средина.

Физичарот Жером Каспаријан од универзитетот во Женева истакнува дека ласерот може да работи неограничено време, ги користи природните слоеви на влага и атмосферските услови за да создаде капки на дожд.

Истражувачите ласерската технологија ја презентирале на обалата на Рона, не далеку од Женевското езеро. Џиновскит ласер бил поставен и по 133 часа праќање ласерски сноб во атмосферата успеал да произведе честици од азотна киселина, која во контакт со кислородот произвела дожд.

Првиот обид не создал голема количина на дожд, меѓутоа научниците се оптимисти дека наскоро ќе можат да ги контролираат временските услови. „најверојатно еден ден ќе бидеме во можност да гја ублажиме разорната моќ на моснумите, торнадата и на тој начин да спречиме поплави“ – истакнува Каспаријан.

Ова не е прв обид за контролирање на атмосферата. Идеајата за контрола на временските услови е од 1946 година. Американскиот хемичар Винсет Шефер развил техника за сеење облаци која и ден денес се користи. Имено Кинезите оперираат со системот за „сеење на облаци“ како би создале дожд во сушните предели на Кина.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag