Фудбал: Македонија загуби од Русија

popara3 септември, 20111min00
mkdva1

Македонската Фудбалска репрезентација беше поразена од репрезентацијата на Русија со 1-0, со голот на Игор Семшов. Така Русија сега има 16 бодови и се бори за првото место со Словачка и Ирска кои имаат по 13 бодови. Македонија остана на 4 бода од 7 натпревари.

Добро го отворивме натпреварот. Тричковски се закани неколку пати, а на Горан Пандев не му беше досуден пенал во 40-тата минута. Голот беше постигнат во 41 минута од акција започната од Андреј Аршавин, кој ја влечеше топката 40-тина метри, а завршена со шут по земја од Игор Семшов. Шутот на Семшов несреќно се одби од еден од нашите одбранбени фудбалери и го смени правецот.

Русија во второто полувреме имаше некои сериозни шанси, но се истакна нашиот голман Мартин Богатинов.

http://www.youtube.com/watch?v=nqzsEksEltw&feature=player_detailpage#t=1s

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag