Бунтовничките сили во Либија уште при падот на градот Триполи трагаат по поранешниот лидер Моамер Гадафи. Според бунтовнички извори Гадафи наводно го избегнува апсењето возејќи се во скапиот автомобил Мерцедес МЛ, што 2008 година му го поклонил францускиот претседател Никола Саркози.
Возилото е во вредност од околу 5 милиони долари, и не само што е блиндирано, во себе има и комуникациски систем кој на Гадафи му овозможува да биде во постојана врска со неговите сили. Во Мерцедесот, наводно, бил вграден систем кој можел да блокира било каков систем за следење.
Саркози и Гадафи некогаш биле многу добри пријатели, но сега се лути противници, бидејќи Саркози е еден од првите шефови на држави кој наредил бомбардирање на Либија, со цел да падне режимот на Гадафи, пишува Daily Mail.