Поранешниот лидер Моамер Гадафи им изјавил на луѓето во Либија дека не е се завршено, и дека тој ќе го има последниот збор.
“Не треба да се радувате и да мислите дека сте срушиле еден режим, а другиот сте го доведеле со помош на воздушните и поморските напади. Бомбите на НАТО таму нема да бидат засекогаш. Ќе се вратам “, оваа порака на Гадафи ја пренела сириската телевизија Ал Раи.
Оваа порака е објавена само неколку часа откако либиските револуционери го окупирале градот Саба, едно од последните упоришта на Гадафи. Вчера, британски авиони бомбардирале позиции на војниците лојални на Гадафи на три различни локации во Либија.