Гадафи лоциран! Следува негово апсење

popara9 септември, 20111min00
Proudly-Afrikan-Gadaffi-1024x768

Преодниот либиски  совет најавил дека специјалните сили на бунтовниците го лоцирале Моамер Гадафи и наскоро ќе го уапсат.
Членовите на специјалната единица ги прислушуваат телефонските разговори на помошниците на Гадафи, ги проучуваат сателитските снимки и интервјуираат сведоци.
Портпаролот на војниот совет во Триполи, Анис Шариф, изјавил дека бунтовниците имаат 200 припадници на специјалните сили кои трагаат по Гадафи.
Шариф изјавил дека веќе го лоцирале Гадафи и дека неговото апсење е “само прашање на време”, но одбил да открие повеќе детали.
“Ние ги следиме неговите движења. Тој се движи во мал конвој на автомобили, обидувајќи се да не го забележат НАТО силите или бунтовниците, изјавил Шариф за АП. Тој додал дека Гадафи не престојува на истата локација повеќе од три часа.
Иако најголемиот број на информации пристигнуваат од теренот, голема помош во потрага по Гадафи  доаѓа од Франција и од други западни земји, изјавиле официјални лица на француската разузнавачка служба.
Поранешни американски официјални лица изјавиле дека мал тим на CIA, исто така, помага во потрагата по Гадафи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag