Либиските бунтовници го опколиле поранешниот диктатор Муамер Гадафи, и прашање е на време кога тие ќе го уапсат или убијат, изјавил портпаролот на новоформираниот Воен совет во Триполи, Анис Шариф.
Тој не сакал да каже каде точно се крие Гадафи, но изјавил дека се наоѓа во Либија и дека е пронајден со помош на висока воена технологија и разузнавачки податоци, пренела агенцијата AP.
Гадафи е заробен во радиус од 60 километри, изјави Шариф.
Информациjaта за лоцирање на Гадафи дошла по објавувањето на веста дека конвој на високи функционери на владата на Гадафи ја преминале границата, и влегле во Нигер.
Американската влада го повикала Нигер да ги зароби сите високи претставници на владата на Гадафи, за кои се верува дека биле во конвојот.