Најновите истражувања на британскиот магазин гардијан покажува дека либискиот лидер Моамер Гадафи пред почетокот на државниот удар во неговата земја им нудел на британците необичен компромис. Тој сакал да ја предаде власта, но под услов да неговата функција во Либија да биде идентична како онаа на кралицата Елизабета Втора.
Во тајните дописи до британското министерство за надворешни работи и премиерот Дејвид Камерон, Гадафи порачал дека е спремен да го унапреди политичкиот систем во својата земја, и тоа по моделот на Англија.
Гадафи кажал дека во новите политички реформи во Либија, сака да биде почитуван исто како англиската кралица.
„Тој би бил доживотен претседател кој само би фигурурал. Не би имал вистинска и реална моќ, само би имал протоколарна функција. Бунтовниците, сепак, несакале да го прифатат тоа“, кажал неименуван таен извор на Гардијан.