Лејди Гага ги има најголемите шанси да биде ѕвездата на овогодинешните MTV Европски музички награди, бидејќи е номинирана дури во шест категории. Американската пејачка ќе се бори за Најдобар женски вокал, Најдобар настап во живо, Најдобар поп изведувач, Најдобра песна со „Born This Way Born“, за Најдобро видео исто така со „Born This Way“и за Најмногу фанови.
Веднаш зад Гага се наоѓаат Кети Пери и Бруно Марс кои имаат по четири номинации. Пери ќе се бори со Гага за Најдобар женски вокал, Најдобар поп изведувач, Најдобра песна и Најдобар настап во живо. Бруно Марс е номиниран за Најдобар дебитант, Најдобар машки изведувач, Најдобра песна со „Grenade“ и Најдобар пуш акт.
Со по три номинации се Адел, Џастин Бибер и 30 секунди до Марс, а последните две имиња ќе се борат со Гага за најмногу фанови и обожаватели. Во оваа нова категорија се најдоа и девојката на Бибер, Селена Гомез и Парамор.
Овогодинешниот настан ќе се одржи на 6-ти Ноември во Одисеј арената во Белфаст. Гледачите може да гласаат онлајн за своите фаворити на официјалната страна на MTV http://tv.mtvema.com/vote сè до 4-ти Ноември.