Гавраните ги памтат опасните луѓе

popara29 јуни, 20111min00
home_crows

Веродостојноста на изреката “имаш птичји мозок“, е доведена во прашање, откако е откриено дека гавраните можат да ги идентификуваат лицата на опасните луѓе и да ги предупредат другите гаврани.

Заинтригирани од однесувањето на гавраните кои живеат во кампусот во Сиетл, во истражувачкиот центар на Вашингтонскиот Универзитет, научниците сакале да утврдат дали птиците ќе се сетат на оние луѓе со кои имале некакво трауматично искуство.

Научниците ставиле гумени маски преку еден човек и така ги фаќале гавраните, а потоа ги пуштале на слобода .

Подоцна одлучиле додека одат по кампусот да ја носат таа маска, која е синоним за опасност и ги набљудувале реакциите на гавраните. Ист експеримент направиле и со неутрална маска, за да ги споредат разликите.

 

Непогрешливо ја препознаваат опасноста

Самиот поглед на гавраните кон првата маска предизвикувал гракање, а тоа ги наведувало и да се собираат на еден куп, за да можат заедно да се спротистават на опасноста, а мафтале со крилјата за да ги предупредат другите птици.

Втората маска не предизвикала никаква реакција.

Во текот на пет години тимот на истражувачите го прошириле експериментот на уште четри локации, користејќи други маски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag