Геј активистите сепак направија перформанс во Белград!

popara1 октомври, 20111min00
3250061

Организаторите на Парадата на гордоста и геј активистите сепак денеска изведоа во центарот на Белград мини перформанс , во знак на протест поради забраната за одржување на парадата која беше закажана за недела.

Активистите на неколку минути го запреле сообраќајот на Теразијe за да можат да го рашират знамето на кое пишувало „љубов, нормално“, притоа извикувајќи дека љубовта е човечко право. Потоа активистите на улиците истуриле бои од виножитото кое е основен симбол на LGBT заедницата.

Со полиција, собирот бил завршен за десет минути и поминал без инциденти. Организаторот на парадата предходно на прес-конференција изјавил дека државата капитулирала пред заканите на хулигани и насилници.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma