Геј паровите поретко се разведуваат!:)))) Имаат некој специјален рецепт?:)))

popara4 октомври, 20111min00
oooooooooooo

Статистичките податоци од 2010 година, покажале дека 5,5 отсто од браковите во Англија и Велс завршиле после четири години, додека граѓанските бракови во истиот период имаат само 2,5 отсто.

Сепак, извештаите можат да претставуваат нереална слика, бидејќи законот за граѓанските бракови е донесен релативно неодамна.

Лезбиските парови, почесто раскинуваат за разлика од хомосексуалните двојки – од 2005 година, кога во Велика Британија со закон е дозволено да се формираат граѓански бракови, 62 отсто од разводите биле лезбејски.

Исто така, 19 проценти од жените лезбејки и тие со бисексуална ориентација се одлучиле за втор брак наспроти само 11 отсто од мажите.

Статистиката покажува дека граѓанските бракови се многу повеќе популарни отколку што се мислело.

Официјалните проценки во 2004 година, биле дека до крајот на 2010 година, помеѓу 11.000 и 20.000 луѓе во Англија и Велс влезат во токму такви заедници.

Младите луѓе ја одобруваат идејата за таквите бракови, жените најмногу ги одобруваат.

Поточно, околу 60 проценти од жените на возраст помеѓу 18 и 29 години веруваат дека хомосексуалците треба да се венчаат, во споредба со само 45 проценти од мажите.

Постои многу мала јавна поддршка кога станува збор за можноста, паровите да ист пол са посвојуваат дете.

Само 50 отсто од жените и 30 отсто од мажите во најмладата категорија веруваат дека на хомосексуалците треба да им се дозволи да посвојат деца.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag