Гените се одговорни за доброто расположение

popara15 септември, 20111min00
Smiles

Според последните истражувања, за доброто расположение на луѓето големо влијание нивниот генетски код.

Истражувачкиот тим од универзитетот во Есекс докажа дека среќата и доброто расположение кај луѓето е запишано во нивните гени. Во истражувањето учествувале доброволци на кои им биле покажани стотина различни фотографии со позитивна и негативна содржина. Со помош на најнова технологија, научниците успеале да одредат кои испитаници како реагирале на сликите.

Од испитаниците биле земени ДНК примероци, од кои бил истажен генот  5-HTTLPR кој е задолжен за контрола на хормонот на среќа серотонин. Оние испитаници кои имале кратка верзија на овој ген, имале почести позитивни реакции на покажаните слики, а исто така нивните позитивни реакции имале и поголем интензитет.

Истражувањето покажало дека луѓето кои имаат краток 5-HTTLPR ген почесто се радуваат, но исто така може полесно да западнат во депресија, односно се повеќе подложни кон промена на расположението.

Резултатите на ова истражување ќе може да се користат во одредување на терапија за луѓе кои се опоравуваат од тешки трауми, како и за луѓе кои имаат психолошки проблеми.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma