Genty Akylone – француски спортски автомобил

popara23 октомври, 20111min00
20111019002457_photo_0

Франција има нов суперспортски автомобил. Го претставува фирмата Genty Automobile а името му е Akylone. Автомобилот може да се пофали со моќност од дури 1.000 коњски сили и мала маса, што ветува врвни перформанси.

За секоја пофалба е тоа што дизајнот на Akylone не е копија на америчките или италијанските супер-автомобили, туку е оригинален и атрактивен.

Испред задната осовина е сместен V8 bi-turbo 4.8 литарски агрегат, кој развива 1014 коњски сили. Од компанијата тврдат дека автомобилот ќе развива од 0-100 за  само 2.7 секунди, и ќе постигнува максимална брзина  354 km/h. Цената на овој автомобил кој ќе биде произведен во лимитирана серија е сеуште непозната.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag