Германска прецизност :) Му бараат 7 евра на свој војник за 1 ракавица :)

popara5 октомври, 20111min00
2,h=343.bild

Еден германски војник кој бил на мисија во Авганистан, каде во таа област изгубил ракавица, сега треба поради нанесување штета на земјата, на сметката на Бундес Банката да уплати 7.17 евра, пишува германскиот Билд.

„Германските војници во Авганистан, не водат војна само против луѓето, туку и против германската бирократија“. Рен Ендерс подофицерот (името му е изменето поради заштита на идентитетот), е човек кој неколку пати го ризикувал животот во патролите во Северен Авганистан, во октомври минатата година ја изгубил едната ракавица.

Подоцна, тој добил писмо од Сојузниот завод за одбрана, во кое се бара тој да плати 7,17 евра за изгубената ракавица.

„За време на вашиот ангажман во Авганистан, забечежавте дека ви недостига една војничка ракавица. Потрагата не донесе никакви резултати. Оваа постапка ја оштети државата за 7,17 евра“, било наведено во писмото.

Подофицирот се жалел, но на крај сепак морал да плати.

Мисијата во Авганистан често пати е напаѓана  и критикувана на само поради тоа што најголема и најтешка војна, туку и поради тоа што многу германски војници имаат загинато, а многу се имаат вратено од другиот свет со психолошки трауми.

Војниците во оваа мисија се соочени не само со опасности, туку и со недостаток на основни средства.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag