Ги “прокоцка” милионите за да се “бања” кај пријатели:)?!:( се има, па и ова :)

popara27 септември, 20111min00
sly stone

Соул – легендата Слај Стоун, кој во текот на 60-тите и 70-тите години на минатиот век, заработи милиони долари, а сега живее во камп приколка.

Слај Стоун (68), кој некогаш имал голема вила на Беверли Хилс, поради употреба на дрога и лошо раководење со финансиите, паднал на тоа што сега речиси живее на улица.

Во моментов живее во приколка во Лос Анџелес, а еден пар пензионери се грижат тој еднаш дневно да јаде и му дозволуваат да се бања во нивниот дом.

Музичарот, кој е познат по светскиот хит “Dance To The Music”, сепак не е толку нездоволен со ситуацијата во која се наоѓа.

http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=EgVOR28iG_o

“Јас ја сакам мојата камп приколка. Не сакам да се вратам под кров, не можам да поднесам да бидам на истото место”, изјавува Стоун.

Неговите финанскиски проблеми започнале во 2009, кога престанал да добива чекови  од својот менаџер кој го тужел за измама.

Како што вели TMZ, Слај Стоун е убеден дека е прогонуван од FBI и дека неговите непријатели најмиле убиец да го “среди”.

http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=CjPCc30NIbA

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag