Ги хранела кокошките со марихуана!

popara24 септември, 20111min00
marihuana

Полицијата во Вроцлав се нашла на вистинска мака дали да ја казни можеби најстарата одгледувачка на марихуана во Полска која тоа го правела бидејќи канапот многу им се допаднал на нејзините кокошки.

Полициската патрола во Вроцлав, југозападна Полска, вчера претпладне фатила неколку полнолетни дечки кои пушеле марихуана и се израдувале дека конечно де го фатат главниот дилер во околината.

–          Ја набрав во една бавча во близина, – објаснил еден од дечките на прашањето каде ја набавил марихуаната, па ги одвел и на дотичното место.

Полицијата во бавчата нашла 17 големи стебла марихуана, од кои највисокото било високо 270 сантиметри, потоа неколку кокошки и старица на 77-годишна возраст, која на драга волја им одговорила дека го одгледува тоа растение бидејќи им годи на нејзините кокошки.

Полицијата сеуште нема одлучено дали против старицата ќе биде поднесена кривична пријава за одгледување на марихуана, но во секој случај, стеблата марихуана ќе бидат уништени.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag