Во моментов нашата најголема гордост, Македонската кошаркарска репрезентација, повторно ни донесе радост и задоволство. Македонија ја победи репрезентацијата на Финска со 72-70, и така обезбеди пласман во осмина финалето на Европското првенство кое се одржува во Литванија.
Македонија до победа ја водеше капитенот Перо Антиќ кој постигна 14 поени и имаше неверојатни 19 скока. Својот последен и најзначаен скок го забележа во последните моменти од натпреварот, кога Копонен намерно го промаши слободното фрлање, и со тоа ни ја донесе победата. Најефикасен повторно беше Бо Мекејлеб. Тој постигна 18 поени, а имаше и 5 скока, 4 асистенции и 4 украдени топки. Вреди да се спомене и играта на Војдан Стојановски кој постигна 16 поени и имаше 4 скока.
Капитенот Перо Антиќ после натпреварот изјави: „Сакам да им честитам на соиграчите како и да им се заблагодарам на навивачите за нивната подршка. Навистина, тие се нашиот шести играч. Уморни сме, но игравме со срце.”
Интересно финците беа за нијанса подобри во првите 3 четвртини, меѓутоа во последната Македонија го сврте резултатот и забележа тесна победа. Следниот натпревар го играме утре во 20 часот против репрезентацијата на Босна и Херцеговина.