На иранските мажи им се забрани носење на било какви ѓердани, ланчиња, во последниот напад на теократскиот исламистички режим во Техеран на неисламска облека и фризури.
Илјадници припадници на специјалните единици биле распоредени на улиците низ Техеран, со цел да учествуваат во планот за спроведување на морална сигурност, во кои лабаво врзаните марами, тесните сакоа, кратките панаталони, се она што ја покажува кожата, нема да се толерира кај жените.
Исто така, мажите пак се предупредени дека не смее да имаат модерни фризури и да носат ѓердани.
Новиот план доаѓа набргу откако иранскиот парламент предложи закон со кој се криминализира сопствеништвото на домашни миленичиња, бидејќи тоа претставувало слепо следење и поддржување на вулгарната култура на западот.
Нивната државна новинска агенција известила дека акцијата е насочена кон борбата против западната културна инвазија. Во неа учествувале 70.000 припадници на специјалните сили, познати како морална полиција, кои биле испратени низ улиците на Техеран и низ другите градови во државата.