За жал најдобриот тенисер на светот нема да настапува следните месец дена поради повреда. „ Не сакам да ризикувам влошување на повредата. Искрено досега не сум доживеал ваква повреда“, изјавил Ѓоковиќ.
Тоа значи дека Новак ќе ги пропушти настапите на Чајна Оупен во Пекинг, турнир од категоријата на 500 бодови, како и на Мастерс 1000 турнирот во Шангај.
Поради неподносливата болка српскиот тенисер во неделата го предаде мечот со Жан Мартин дел Потро, при водството на Аргентинецот од 1-0 (сетови) и 3-0 водство во четвртиот меч на белградскиот Дејвис Куп во средбата помеѓу Србија и Аргентина. Да потсетиме Аргентина се пласираше во финалето на Дејвис Купот.