Гледањето на комедија добро влијае за вашето здравје, додека хорор и филмовите со војна претставуваат стрес за организмот и предизвикува стеснување на крвните садови, откриваат научниците.
Насмевката е најдобар лек, потврдуваат научниците од Универзитетот во Мериленд. Тие ја проучувале човековата реакција на организмот за време на филмови, и откриваат дека комедијата има позитивен ефект за срцето, додека хорор филмовите и филмовите со војна се стрес за организмот, пишува Дејли мејл.
Истражувачите ја проучувале реакцијата на организмот во две групи на волонтери. Едни гледале комедија со Камерон Дијаз во главна улога, додека другите Saving private ryan. Луѓето од втората група после филмот биле под стрес. А нивните крвни садови биле стеснети.
Од друга страна крвните садови на волонтерите од првата група кои ја гледале комедијата биле проширени.