Глумел жена и влегол во светската историја :) Крај, како за на филм :)

popara6 август, 20111min00
zenamaz-naslovna

Paul Grappe во Првата Светска војна бил дезертер и му се заканувала смртна казна. Па затоа почнал да се облекува како жена. Учестувал на модни ревии, а имал афери и со мажи и со жени.

Кога почнала војната, тој бил повикан во војска. Неколку пати бил ранет, а се сомневале дека и самиот намерно се повредувал за да не се врати на фронтот. По, шест месеци боледување тој никогаш повеќе не се вратил во војската, па така бил прогласен за дезертер, што во тоа време значело смртна казна.

Тој заедно со својата жена побегнал во Париз. По бегствата од еден во друг град, тие се сетиле дека сопругата може да му ги дава алиштата и тој да се претвара во жена, а женското име му било Suzanne Landgard.

Тој почнал да работи во бутик, па така учествувал и на модни ревии, почнале да му се додворуваат мажи, а прекарот му бил „Слатка Сузи“.  На крајот од војната тој и сопругата избегале во Шпанија, каде повторно го земал својот машки идентитет и се пријавил како француски дезертер. Но во 1922 година повторно се вратил во Париз, и повторно бил жена.тој дури се прославил како првата жена која летала со падобран.

Во 1925 година на сила стапил законот за амнестија, па така тој повторно ги облекол машките пантолони. Во Франција имало 63.000 дезертери, но неговата приказна вила најинтересна па затоа била објавена и во весник.

Но, наскоро се јавиле и проблеми, додека со својата сопруга биле “лезбејски пар“ париското друштво ги толерирало, но откако тој признал дека е дезертер, газдарицата на станот каде што живееле почнала да им се заканува дека ќе ги исфрли од станот. Тој почнал да пие, станал агресивен, ја изгубил работата. Неговата сопруга родила син, а кога бебето ќе се разболело тие немале пари за лекарства.

На 21 јуни 1928 година тој се вратил дома пијан, се обидел да ги нападне бебето и сопругата, по што таа го убила. Завршила во затвор, а додека го чекала судењето го изгубила и синот. Нејзината приказна допрела до јавноста, па на крај била ослободена. Повторно се омажила, а починала во 1981 година во Париз. За нејзиниот живот и животот на Пол била објавена книга.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma