Холивудскиот актер Мајкл Даглас, кој пред осум месеци го победи ракот на грлото, вели дека се чувствува одлично и дека со нетрпение чека повторно да игра голф. Тој вели дека тешките денови се зад него и дека повторно и се радува на својата работа и на убавите моменти со неговата сопруга Кетрин Зета Џонс.
„Се чувствувам добро и се радувам на престојниот викенд бидејќи одамна не сум играл голф. Многу ми недостига таа игра“, изјавил познатиот актер.
Мајкл вели дека најголема подршка во неговата борба со страшната болест била токму неговата сопруга Кетрин, која во тој период исто така имаше здравствени проблеми. На Кетрин и беше дијагностицирано биполарно нарушување кое резултираше со промена на расположението и хистерични напади.
После сите тешкотии, и оваа холивудска двојка конечно заслужи малку „да здивне“ од проблемите.