Го украдоа името на фондацијата Ејми Вајнхаус! Татко и во очај :(

popara20 август, 20111min00
Amy-Winehouse

Таман семејството на Ејми Вајнхаус реши да основа фондација во чест на својата ќерка, се соочија со уште еден шок – некој веќе го регистрирал името „Фондација Ејми Вајнхаус“.

Мич Вајнхаус, таткото на Ејми, вели дека е шокиран од фактот дека некој решил да регистрира фондација на името на неговата покојна ќерка. Тој вели дека фондацијата која тој ја имал на ум ќе мора да почека и дека незнае што да прави со донациите кои веќе почнале да пристигнуваат.

Таткото Вајнхаус реши да основа фондација која ќе им помага на лицата кои се зависници од дрога, но и на сите деца на кои им е потребна било каква помош. Тој својата одлука ја соопшти на интернет страницата посветена на неговата ќерка, па најверојатно некој се решил да го претрка и да си го искористи името на Ејми за сопствени цели.

Познатата пејачка почина на 24 јули, а истрагата за причините за нејзината смрт е сеуште во тек, иако на сите ни е јасно дека најверојатно станува збор за предозирање.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma