Гоца Тржан (37) е во врска со 14 години помладиот Радимир Раша Новакович, тапанар во нејзиниот пратечки бенд. На големо се шушкаше дека се во шема уште од времето кога таа се разведе од Иван Маринкович, но пејачката тогаш остро ја демантираше веста. Но српските папараци докажаа дека приказните сепак не биле неосновани. Ја прателе осум денови и на крај забележале нивни бакнеж на улица.
-Гоца првите четири денови изгледаше како примерна домаќинка, одеше во шопинг, го носеше дете до и од забавиште и легнуваше во 22.30… А потоа конечно им се посреќило на папараците. Ги уловија неа и Рашо како стигаат на снимањето на емисијата “Звездите на Гранд” . Потоа со пријатели се упатиле во ресторан, за да би после вечерата конечно се бакнат. Завршија кај Гоца во стан на крајот на вечерта.
Гоца овој пат не ја демантирала веста и на прашањето дали има тука нешто , одговорила со – “Па?! Слободна жена сум и уживам во своето слободно време”