21 годишната манекенка, Зои Вест, била приведена од Њујоршката полиција бидејќи се шетала гола во централното подрачје на Њујорк. Нејзиното тело било целосно насликано од страна на уметникот Енди Глоуб. Скоро 2 и пол часа пред воодушевена публика, Енди го украсувал телото на згодната Зои со маслени бои. Ова не е прв пат овој уметник или негов модел да се соочи со полицијата. Минатиот месец за истото дело на Тајмс Сквер беше уапсен и тој и два негови модели. Глоуб со години користи голи модели како платно на кои ја изразува својата креативност.
Зои истакна дека знаела за ризикот кој го превзема, но дека тоа не ја предомислило во остварувањето на нејзината намера.
Иако во Нујорк не е забрането шетањето топлес, сепак очигледно е дека ако ги симнете и гаќичките, затвор не ви бега.
Зои била притворена саат време додека не биле отстранети сите обвиненија против неа.
Пред извесно време The Post ги интервјуираше пешаците за тоа дали им се допаѓа уметноста на Глоуб, а одговорите…погледнете ги….
httpv://www.youtube.com/watch?v=R7d-Jo_h05U