Една британска туристка чиј идентитет полицијата не го открила, засекогаш ќе го памети летувањето и годишниот одмор на Тенерифе, откако по тешки повреди на главата противпожарната служба едвај ја спасила.
Како што навеле британските и шпанските медиуми, 49 годишната британка и нејзиниот сопруг воделе љубов покрај ограда и скали, а жената под голем притисок од мажот се превртела.
За среќа, од падот на глава од неколку метри, ја спасил нејзинот десен глужд кој се заглавил во решетките од оградата, а девојката во поза на лилјак ги дочекала противпожарникарите кои ја ослободиле и спасиле.
„Среќниот“ глужд поминал со скршеница, но тоа на крај било мала цена во однос на она што можело да и се случи на жената.