Голем интерес за iPhone 4S: За само 12 часа нарачани 200.000 телефони

popara10 октомври, 20111min00
iphone4safp3

Иако службената продажба на iPhone 4S започнува во петок, 14 октомври, од вчера неколку компании од САД преку интернет примаат нарачки за овој уред од купувачите од Америка.

За само 12 саати, јавуваат американските медиуми, преку фирмите AT&T продадено се дури 200.000 уреди, а од фирмата препорачаа дека големиот интерес за уредите е откриен само еден ден пред смрта на Стив Џобс. Додаваат дека никогаш немале таква навала за ниту еден уред.

И покрај тоа што многу обожаватели на iPhone се разочарани бидејќи очекуваа iPhone 5, a не напредна „четворка”, iPhone 4S би можело да биде хит.

Како што јавува International Business Times поради смрта на Стив Џобс, iPhone 4S ќе биде најпродаваниот модел, бидејќи луѓето од светот со купувањето на овој уред ќе сакаат да му одадат почит.

А како ќе биде во иднина?

iPhone 4S  не е последниот „изум” на големиот Стив Џобс, IBT известува дека идната година очекуваат iPhone 5, но и некои други уреди на кои Џобс работел. Сепак, каков успех ќе постигнат тие уреди и како ќе функционираат без Џобс, не се знае. Имено познато е дека Џобс бил голем перфекционист и неговиот збор бил последен, никој освен него не можел да каже: „Готово е, направивме се и одиме сега тоа да го продадеме.”

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag