Големата дупка

popara7 септември, 20111min00
naslovna-golemadupka

Најдлабоката јама направена од човековата рака

Веднаш пред јужноафриканската метропола Кимберли се наоѓа огромна јама во земјата кој потсетува на “вистински“ вулкански кратер. Во својот горен дел има облик на огромна инка. Дијаметарот на оваа инка изнесува околу една милја или 1,6 km – а длабока е 1,2 km. Дното на кратерот не може да се види, бидејќи подземните води го имаат исполнето дното на Големата дупка.

Јамата “Големата дупка“ била создадена од страна на луѓето кои ја копале вкупно 43 години. Благодарение на оваа јама се создал градот Кимберли. Иако Големата дупка се наоѓа во средината на градското подрачје, никогаш нема да биде затрупана. Најпрво на местото каде што се наоѓа оваа јама, имало мал рид кој бил т.н. Коулсберг-Копје. На 17 јуни 1871 година, на овој рид започнало ископување со надеж за пронаоѓање на дијаманти.

Flitvud Roustorn и неговите пријатели – поради тоа што носеле црвени капи биле наречени “Здружение на црвени капи“ –претходно ископувале на неколку други локации, но се до тогаш нивните обиди биле неуспешни. Веднаш под површината на Коулсбер-Копје, пронашле мали дијаманти.

Иако уште истио ден го оградиле наоѓалиштето, веќе следното утро голем број на ископувачи си ја испробале среќата. Неполна година, после овој настан, на оваа локација копале повеќе од 50.000 лица. Во текот на една деценија во Големата дупка биле пронајдени повеќе од 14 милиони дијаманти, а било отстранети 25 милиони тони земја и камења.

Од 1914 година, се запрени сите ископувања иако се претпоставува дека сеуште се наоѓаат огромни количини на неископани дијаманти. Евидентирано е дека, значително е опаднат бројот на ископувачи, а владата престанала да издава дозволи за ископување. Лицата кои сеуште трагаат по дијаманти околу Големата јама изјавуваат дека пронајдените количини се минимални.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma