Загонетна клисура
“Моето име е Lopez de Cardenas и јас го изјавувам следното: наеднаш исчезна земјата под моите нозе. Погледнав надолу и видов клисура, толку огромна, да немам зборови со кои можам да ја опишам. Долу на дното светкаше црвена река, Рио Колорадо…“.
Lopez de Cardenas, бил првиот кој го опишал Големиот кањон. Како учесник во една експедиција која била во потрага по злато, пронашле “природа“. Неговиот извештај е од 1542 година, а биле потребни да поминат 300 години, за таинствената клусура да биде истражена. Мајорот John Wesley Powell во 1869 година бил дел од неверојатно храброто возење од реката Грин Ривер до реката Вирџин, а по завршувањето на патувањето, напишал книга која стана позната во светот.
Кањонот, во кој се влеваат голем број на соседни реки, е долг 350 km, а длабок помеѓу 1.200 до 1.500 m. Ширината на клинестата клисура варира помеѓу 6,5 km и 29 km. До 90 m широкото корито на реката во длабочина создава еден тесен канал, каде што тече Колорадо и мирно тече кон Калифорнискиот залив. Само кога ќе надојде реката и ќе се крене нивото на водата за дваесет метри, може да се сфати како Колорадо во текот на милиони години успеала да го изгуби своето корито толку длабоко во земјината кора.
Се претпоставува дека целата висорамнина Колорадо во времето на еоценот, пред 50 милиони години, значајно се подигнала. Во времето на ледената доба, се претпоставува дека надошла голема и брза количина на вода.
Заедно со водата надошле и камења и ги избрусале меките камени површини и го оформиле речното корито во клисура. Од друга страна, сушата се погрижила, стрмните клисури да не се претворат во широка мирна долина, туку да ја зачува својата првобитна груба стрмнина.
Камените карпи кои се рушат всушност даваат една јасна геолошка слика за развојот – од камбриум па се терцијар во овој кањон се застапени сите облици на формација.