Google Analytics – најновата статистичка услуга на Google

popara2 октомври, 20111min00
google

Google  им овозможи на корисниците преглед на податоците за вистинското време за веб прометот преку својата алатка  Google Analytics Real-Time.

Извештаите од Real-Time ќе бидат достапни во новата верзија на Google Analytics, а пак администраторите кој имаат Analytics сметки, ќе ги добијат извештаите во следните неколку дена. Оваа услуга за „одреден број од вас“ како што пишува Џон Џерсин, продукт менаџерот на Google Analytics,  ја овозможија уште од четвртокот.

Сите корисници кои сакаат да проценат како им напредува кампањата или каква е читаноста на некои статии, Real Time ќе го следи влијанието на прометот на веб страните. На пример ако некој корисник објави нешто и притоа за него „твита“,  Real Time услугата ќе му овозможи да следи, кога прометот на Тwitter  ќе престане да генерира посети.

Google не е првата коорпорација која нуди услуга од овој карактер. Woopra Chartbeat  и низа други алати ќе ви овозможат преглед на податоците во вистинското време. Разликата е во тоа што Google-овата услуга ќе биде бесплатна, за разлика од другите.

Претставен е и Google Analytics Premium, кој воедно претставува и првиот Google Analytics производ кој се плаќа. Во оваа услуга влегуваат дополнителните процесорски сили, напредните анализи и поддршка од 24 часови дневно, 7 дена во неделата. Цената на оваа алатка сеуште не e позната.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag