Компанијата Google минатата година потрошила околу е 2,3 милијарди киловат часови електрична енергија, пишува San Jose Mercury News. Толку многу електрична енергија задоволува потреби на 200.000 домаќинства. Компанијата во четвртокот за прв пат ги објавила овие податоци. Иако тие изгледаат застрашувачки, еден од експертите е New York Times, појаснил дека Google, освен што троши, тој и штеди енергија. Неговото објаснување е појаснето со фактот дека повеќето луѓе само ќе го вклучат компјутерот и на интернет со пребарување ќе ја најдат саканата информација, наместо да седнат во автомобил и да се возат до најблиската библиотека.
Google минатата година во атмосферата испуштил 1,5 милиони метрички тони на јаглерод диоксид, тоа е еднакво на количината која ја испуштаат 70.000 Американци. Од компанијата изјавиле дека една четвртина од енергијата што ја трошат се обновува, а оваа година тие очекуват таа бројка да порасне за 30 проценти.