Деми Мур одлучи да даде одговор на прашањето зошто не го сменила презимето на Твитер. Актерката (49) на социјалната мрежа е г-ѓа Качер.
– Тоа не е приоритет за мене сега – изјави таа за нејзините фанови, кои деноноќно расправаа за тоа зошто сеуште го чува презимето на нејзиниот профил на социјалната мрежа.
– Жал ми што тоа ви смета на многу од вас. Веќе да не го посетувам профилот се додека не го сменам презимето?! Дали е тоа навистина важно? – Ги праша актерката нејзините фанови.
Деми минатиот месец објави дека по шест години брак, се разведува од Ештон. Одлуката е донесена по јавниот скандал за 22-годишната Сара Лил. Ештон ја изневерил Деми токму на годишнината од нивната свадба.