Амбициозниот Крис Нсамба (28) од Уганда конструирал во дворот на мајка му летало за кое верува дека ќе го однесе првиот африкански астронаут во орбитата.
„Не станува збор за пари, натпреварување или гордост. Целта на мисијата е напредок во вселенскаат технологија на Африка како континент. Сакаме и Африка да учествува во развивањето на тие знаења“, изјавил Крис кој е поранешен студент по астрономија.
Во изградбата на авионот, кое треба да полета на 25.000 метри, му помогнале 600 волонтери, а тест летот се очекува дека ќе се направи наредната година. Тоа е првата фаза во африканската вселенска програма, бидејќи Крис планира да направи африкански вселенски шатл, кој ќе го лансира за 4 до 6 години.
Во сето ова Кирс и неговиот тим се потпираат на донации, а инспирираните астронаути ги подучува Крис.
httpv://www.youtube.com/watch?v=SnQlekVUx9s