Градоначалникот на мексиканскиот град Тихуана, Карлос Бустаманте падна од своето столче за време на една прес-конференција за новинари. За да биде уште поиронично, тој требал да зборува за јавната безбедност и на јавноста да и го претстави новиот секретар за безбедност.
Сèсе одвивало според протоколот. Тој влегол со соработниците во конференциската сала, само што седна, го снема! Во моментот исчезна од кадар, неговите соработници притрчаа за да му помогнат. Градоначалникот кисело се насмеал и за неколку минути конференцијата започнала.
httpv://www.youtube.com/watch?v=QBY7-0ny5Gk