Издувните плинови од автомобилите, амониевите нитрати од производните индустрии ја зголемуваат опасноста за прерано породување кај трудниците, а посебно во поголемите градови каде атмосферата е уште позагадена.
Трудниците кои живеат во големи градови имаат 30 проценти поголем ризик од прераното породување заради загадувањето, отколку тие кои живеат во помалите области, ни откриваат од студијата на Универзитетот од Калифорнија, која е спроведена на 100 илјади трудници.
Издувните плинови и нус нафтените производи, полицикличките ароматски јаглероди тројно го зголемуваат ризикот за прераното породување.
Амониевиот нитрат од произведувачките индустрии ја зголемува опасноста од прераното раѓање за 21 процент, а петрохемискиот бензен и дизел плиновите за 10 проценти. Концентрираноста на нечистиот воздух е поголема во зимскиот период одколку во летниот, а градовите покрај брег се почисти од оние во внатрешноста.
„ Загадениот воздух е поврзан со ниската породилна тежина и прераното раѓање. Нашите резултати покажуваат дека плиновите од прометот и нуспроизводите од нафта придонесуваат за прераното раѓање. А секундарните загадувачи, како што е амониевиот нитрат, истотака негативно влијаат на здравјето на неродените бебиња“ вели организаторката на истражувањето д-р Бит Ритз.