Американскиот рок состав “ Kiss “ во март започнуваат со снимање песни за дваесетиот албум, кој најверојатно ќе излезе на крајот на годинава. Претходниот албум на “ Kiss “, Sonic Boom, која групата го издаде во 2009 година, беше албум кој го издадоа после 11 годишна пауза. Токму овој албум се најде на првото место на Билбордовата листа за рок албум. Најверојатно во март ќе влеземе во студио и ќе почнеме со работа, изјавил гитаристот Томи Тејер. Оваа група ја сочинуваат и Пол Стенли, вокал и ритам гитара, Џин Симонс, вокал и бас гитара, кои инаку се во бендот од неговото создавање и бубњарот Ерик Сингер. Групата инаку има продадено над 100 милиони албуми ширум светот, од нејзиното создавање во 1973 година, па до денес.