Пеп Гвардиола со Барселона успеа да дојде до две титули шампион на Европа и три титули во домашниот шампионат, меѓутоа тој тврди дека за тоа најзаслужни се играчите. “Овие играчи би го направиле истиот успех и со некој друг тренер, но јас немаше да успеам да го направам истото, да не беа овие фантастични фудбалери” тврди Пеп. Барселона во изминатава сезона дојде до два трофеја и тоа во Лигата на Шампионите и во домашниот шампионат, но тренерот на Каталонците и понатаму е скромен. “Мојот начин на работа не се разликува од било кој друг тренер во првата, втората лига или во понискиот ранг на натпреварување. Не сметам дека сум подобар од било кој друг. Се трудам да ја работам мојата работа најдобро што знам, коректен сум кон играчите и се обидувам да не изоставан никого и да ги следам својте фудбалски идеи” заврши каталонскиот стратег.