Познатата холивудска актерка Гвинет Палтроу ќе глуми нимфоманка во најновиот филмски хит „Благодарам што споделувате“ (Thanks for Sharing).
Палтроу се појавува како еден од четирите главни ликови кои имаат проблем со зависноста од секс. Четворицата пријатели ќе се обидат заедно да се одвикнат од оваа зависност, со цел да воспостават позначајни односи во животот. Покрај Палтроу, во филмот ќе се појават и Џоли Ричардсон, Марк Руфало и Тим Робинс.
Се чини дека темата за сексуалните зависници е навистина популарна во последно време. Стив Меквин неодамна го сними филмот „Срам“ (Shame), а свој филмски проект на оваа тема ќе снима и познатиот режисер Стјуард Блумберг. Мора да признаеме дека одбрале навистина интересна тема…