Хаиме Алгерсуари

popara7 септември, 20111min00
0

Хаиме Алгерсуари Ескудеро е роден 23-ти март 1990 година во Барселона, Шпанија. Тој е шпански тркач на Формула 1.

Алгерсуари ја започнал неговата авто мото кариера во 2005-та година. Во 2006-та година победил на Италијанската Формула Рено, зимска серија, пред да заврши како втор по Мика Маки во истиот шампионат во тековната година.

Тој се префрлил во Британскиот Формула Три Шампионат во 2008 година, возејќи за Карлин Мотоспорт заедно со тимскиоте колеги Брендон Хартли, Оливер Турвеј и Сам Абеј. По долгата битка во сезоната помеѓу Алгерсуари, Хартли, Турвеј и Серхио Перез, Алгерсуари победил на последните три финални трки од сезоната, и на крај го освоил и шампионатот. Тој на тој начин станал најмладиот победник во шампионатската историја, на свои 18 години.

Алгерсуари во 2009 година се натпреварувал во Формула Рено 3.5 Серијата, продолжувајќи со Карлин тимот и со Турвеј како негов тимски колега. И покрај неговата промоција на Ф1 тркачкото седиште, тој продолжил во Формула Рено 3.5 Серијата. Недела дена по неговото Формула 1 деби, Алгерсуари се вратил во сериите на Аутодромо Интернешнал, и ја освоил својата прва пол позиција, но и прва победа во сериите.

Алгерсуари ја презел улогата на резервен возач за Ред Бул и Скудериа Торо Росо, од својот „другар“ Брендон Хартли во втората половина на Фомула 1 Сезоната во 2009 година. За кратко време Себастиен Бурдес заминал од Торо Росо по Германското Гранд При во 2009 година, и веднаш се очекувало дека Алгерсуари ќе стане негов наследник. Четири дена подоцна Торо Росо најавил дека Алгерсуари ќе вози за тимот на Унгарското Гранд При во 2009 година. Тој станал најмладиот Формула 1 возач на свои 19 години и 125 дена. Исто така станал  седмиот тинејџер кој стартувал на Град При-то. Со квалификација на последното место според механичките проблеми, тој ја завршил трката како петнаесети, едно место по неговиот тимски колега Себастиен Буеми. Низ остатокот од сезоната имал неколку мали успеси од кој најдобриот следувал на Бразилското Гранд При во 2009 година, каде успеал да се избори за четрнаесето место. На останатите осум трки, успеал да заврши само три. Таа година и бил испуштен од тимот.

Торо Росо го вратил Алгерсуари во тимот во 2010 година, стартувајќи како 13-ти во Бахраин и 11-ти во Австралија, вклучувајќи и 22 круга битка со седумкратниот светски шампион Михаил Шумахер. Во Малезија една недела подоцна, Алгерсуари ги освоил првите Формула 1 поени завршувајќи на 9-тото место. Во мај, тој ја посетил Доминиканската Република со Ред Бул тимот и станал еден од првите возачи кој возел Формула 1 болид на плажа.

Од Торо Росо потврдиле дека Алгерсуари ќе биде задржан во тимот заедно со Себастиен Буеми за сезоната 2011. По првите две трки кои ги завршил без поени, Алгерсуари за прв пат во Формула 1 се квалификувал во топ 10, со седмото место во Кина. На Белгиското Гран При се квалификувал на 6-та позиција, најдобро во кариерата, пред да биде приморан да се повлече по првиот судир со Бруно Сена.

Покрај посветеноста во Формула 1, Алгерсуари поседува и сопствено музичко студио во Барселона, а исто така во Шпанија е познат како ДиЏеј, под сценското име DJ Squire.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag