Поранешниот супермодел Хајди Клум и нејзиниот сопруг, пејачот Сил изразиле желба да го зголемат своето шестчлено семејство, пишува американскиот магазин Closer.
Познатата двојка веќе има четири деца. Седум-годишната Лени, од бракот на Хајди со Флавио Бријаторе, додека Сил и Хајди ги имаат синовите Хенри и Јохан, и двегодишна ќерка Лу.
“Станавме пријатели со Сандра Булок која навистина не инспирира. Таа дојде со нејзиниот посвоенон син Луис, која сама го одгледува. Таа му дава неверојатна можност, за која тој се уште не е свесен, што е навистина одлично. Хајди и јас разговаравме за посвојување на дете. Се уште не знаеме од каде ќе посвоиме, но мислам дека тоа ќе го направиме еден ден “, изјавил Сил.