Хакери украле 2,7 милиони долари од кредитни картички

popara25 јуни, 20111min00
creditcards

На околу 3,400 клиенти на банката “Ситигруп“ им биле нападнати кредитните картички при што биле одземени околу 2,7 милиони долари.

“На клиентите ќе им биде надоместена штетата“, рекол Шон Кевелиган, портпарол на њујоршката банка, потврдувајќи дека сајбер нападите во последните месеци воделе до големи финансиски загуби за банката.

Претходниот месец, “Ситигруп“ објавила дека хакери може да злоупотребат информации на повеќе од 360 илјади кредитни картички или 1,5 отсто од сите кредитни картички издадени од банки во Северна Америка.

Хакерите успеале да преземат броеви од клиентите, вклучувајќи и детални информации како и електронски адреси.

Лични податоци како што бил бројот на социјалното осигурување или датумот на раѓање не биле украдени.

Сајбер криминалот станува глобална појава. Светски компании од типот на “Сони“ и гигантот “Гугл“ биле цел на овие напади.

Извор:  Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag