Хали Бери доби уште една судска пресуда против бившиот и маж! :) Како и тргна ќе го „растури“! :)

popara19 октомври, 20111min00
1018-gabrielle-halle-bn

Уште една победа за славната актерка Хали Бери во нејзината горчлива битка за старателство против нејзиниот поранешен сопруг. Судијата го одбило барањето на Габриел Обри,  да нема дадилка како супервизор додека е со својата ќерка.

Габриел се обидел да ги измени своите права на посета на детето, кои наложуваат присуство на дадилка како супервизор додека тој е со својата ќерка, тврдејќи дека тој сакал повеќе време да поминува сам со своето дете. Хали се спротистави на неговите измени.

Сепак, судијата повторно пресудил во корист на актерката, и го потврдиле оригиналниот документ во кој стои дека мора да има надзор за време на посетите на Габриел.

Некои извори велат дека Габриел бил разочаран и лут, бидејќи дадилката му го уништувала односот со неговата ќерка.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag