Харисон Форд кој се прослави со улогата на авантуристот и археолог Индијана Џонс, смета дека овој лик треба да биде убиен во петтото продолжение на популарниот серијал. Форд смета дека би било добро Индијана да ја предаде шапката на својот син во следниот филм, но на тоа жестоко се спротивставиле режисерот Џорџ Лукас и продуцентот Стивен Спилберг. На Форд очигледно му здосадило да ја игра улогата на Индијана Џонс, но фактот дека овој филм е еден од оние кои ги полнат кино салите, многумина се сомневаат дека смртта на Индијана Џонс ќе зависи од желбата на актерот. Интересно е тоа што пред 20 години Форд ја имаше истата желба за смрт на својот лик во последната епизода од серијалот “Војна на ѕвездите“, која беше одбиена од режисерот.
Извор: Нетпрес