Харолд „Ким“ Филби

slobodan1 февруари, 20111min00
Philby Talks

Британецот Харолд „Ким“ Филби шпионирал за Советскиот Сојуз додека работел во британската тајна агенција. Му припаѓал на кругот познат под името „Петтемина од Кембриџ“, а прекарот го добил според главниот лик на романот на Киплинг „Ким“, индиско момче кое шпионира за окупаторската Англија во 19-от век. MИ6 го забележала како новинар, го вработила, па дошол дури до позиција главен секретар на Британската амбасада во Вашингтон. Тој е роден на 1 јануари 1912 година во Амбалеа (Индија), во богато семејство. Неговиот татко работел во државната служба на Велика Британија во Индија. Како млад човек, Филби почнал да ги презира фашистичките политички убедувања на татко му и почнал да дејствува во спротивна насока. По завршување на средното училиште, Филби се придружил на универзитетот Кембриџ. За време на студиите, Филби се запознал со комунистичките идеи и доброволно се пријавил за членство во Комунистичката организација. По дипломирањето во 1933 година, Ким заминал во Виена каде што фашистичката влада ги прикривала левичарските движења. Филби станал член на група која помагала да се шверцуваат социјалистите и комунистите надвор од државата на сигурно. Активностите на Филби во Австрија го привлекле вниманието на Советските агенти и бил регрутиран да стане шпион и да работи во разузнавачката служба на Советскиот Сојуз. Исто така, постојат шпекулации дека тој бил контактиран од Русите уште за време на студентските денови на Кембриџ.Во 1940 година, Филби бил ангажиран од страна на МИ6, Британска разузнавачка служба, каде што му била доделена задача да ги контролира двојните агенти што работат за британско – руските дипломати и сакаат да ја предадат својата влада. Исто така, тој требало да пренесува лажни информации на Советскиот Сојуз. Овие задолженија му дале богат извор на информации, кои потоа ги пренесувал на сојузот. Неговиот главен удар како шпион бил кога МИ6 го пратила во Вашингтон во 1949 година, кога требало да служи како британски партнер на Централната разузнавачка агенција. Оваа работа му дала пристап до американските шпионски операции, во времето кога била зголемена тензијата од Студената Војна. Западните шпионски мрежи поставиле агенти во источноевропските нации контролирани од Советскиот Сојуз, а Филби им ги открил идентитетите и имињата на сите. Стотици агенти, мажи и жени, се убиени како резултат на неговото предавство. Голем сојузник на Филби бил Гај Барџис, кој дипломирал заедно со него на Кембриџ. Во 1959 година, Барџис работел како дипломат во Британската амбасада. Тој го предупредил Доналд Меклин, кој работел како советски шпион во Вашингтон, дека е на прагот да биде откриен и уапсен, и му обезбедил бегство надвор од западот. Западните разузнавачки лица верувале дека било вклучено и трето лице – дипломат, кое имало информации за претстојното апсење на Доналд Меклин. Сомнежот паднал на Филби и бил обвинет за велепредавство од страна на британските разузнавачки власти, во тајно квази-судење во ноември 1952 година. Меѓутоа, бил ослободен поради недостиг на докази. Конечно, на 23 октомври 1955 година било објавено дека Филби бил третиот човек, со што ја изгубил работата со МИ6. Во 1956 година, Филби се преселил во Бејрут, Либан, прикриен како новинар и продолжил тајно да работи за МИ6. Тој повторно почнал да шпиунира за Советскиот Сојуз, но бил внимателно следен од двете страни. Поради стресот, Филби почнал многу да пие. Во 1963, британските разузнавачки оперативци го обвиниле дека е двоен агент, и после неколку дена Филби исчезнал. Шест месеци подоцна, советските власти најавиле дека Филби навистина пребегнал, со што се кренала меѓународна паника. После неколку недели, тој бил доведен во Москва од страна на советските разузнавачки агенти и бил во состојба да обезбеди непроценливи информации за шпионските мрежи на западот. Филби живеел добро во Москва, земал плата од КГБ и продолжил да пие уште многу години. Тој починал во мај 1988 година во Москва, каде бил погребан на воени гробишта и со најголеми почести. Неговата биографија “Мојата Тивка Војна” стана бестселер во Британија. За услугите на СССР, Филби бил награден со неколку почесни медали и бил признат за еден од најдобрите Советски шпиони.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag