Мистериите на Стар Египет

1 февруари, 20110
star egipet

Светилиштето Карнак – е едно од главните светилишта на стар Египет, каде што од почитуваниот Бог Амон, египќаните ги учеле најголемите мистерии.

Karnak

Колосите на Мемном – според денешните археолози овие две гигантски статуи стојат поставени пред погреботниот храм на Amenofis III. Тие се единствените останатите докази. Езотеричната традиција ги смета за најстари споменици, постари од било кој споменик, посветен на “историски” Фараон, тврдејќи дека биле рачно положени како жртва за излегувањето на сонцето. Денес, тие се високи околу осумнаесет метри , иако со круна и опрема веројатно биле неколку метри повисоки.

Memnom

Озирис – Орион. Озирис е во форма на човечка мумија. Ги држи знаците на фараонската моќ: магичниот стап – heka и flagelum со три реси. На главата носи бела круна на Горен Египет. Неговата облека била бела, како симбол на неманифестиран дух, а неговото лице понекогаш се покажувало зелено, боја која ја симболизирала плодноста. Кралот Amentij – го претставува светот каде што одат мртвите. Тој е владетел на последната генерација на боговите, и бил симбол на бесмртноста на душата. Центарот на култот на Озирис бил во Абидос. Двајца истражувачи Адријан Гилберт и Роберт Боувал, на почетокот на 1990 година дојдоа до неверојатно откритие. Имено, случајно, гледајќи во ѕвездите, тие откриле дека трите најголеми пирамиди во Гиза се поставени на ист начин како ѕвездите во ѕвездениот појас Орион, на небото. Понатамошните студии покажале дека сите поставувања на пирамидите, се идентични со оние на ѕвездениот појас Орион.

Osiris
Orion

Сфингата Regulus – претставува тело на лав и глава на фараон. Археолозите и египтолозите, веруваат дека некогаш , токму таму стоела глава на лав. Главата на свингата е свртена кон исток. Некои современи научници тврдат дека таа го претставува соѕвездието Лав, каде ѕвездата Regulus, најсјајната ѕвезда е на градите. Се верува дека, на одредени специфични денови, фараоните се наоѓале поставени во шепите на Сфингата, и кога сонцето се издигало на хоризонтот, тие со длапока почит го потврдувале својот статус како владетели, во срцето на Regulus. Познато е дека Богот Озирис се поистоветува со соѕвездието Орион. Така, египтолог вели: “Кога станува збор за трансформирање на душата по смртта, се верувало дека тоа е сложен и опасен процес кој терба да биде потпомогнат со некои ритуали или магиски вештини на покојникот, со кои ќе се тргнат бариерите за влез во друг свет. Само меѓу вечните богови, вечната душа може да влезе во состојба на вечно постоење, која била наречена Озирис. ” Со истражувањата направени во 1994 година се откриени и нови работи поврзани со пирамидите. Имено, во собите на кралот и кралицата во внатрешноста на најголемата пирамида се пронајдени некои канали ко се со отвор од околу 40- 40 цм. Најпрво се мислело дека каналите се направени за вентилација. Последователните истражување покажаа дека каналите под силни агли одат надвор од ѕидовите на пирамидата. Почнало да се истражува и да се експериментита, при што дојдено е до изненадувачки откритија. Сите канали на големата пирамида биле насочени кон големи соѕвездија. Од собата на кралица, каналот бил насочен кон ѕвездата Сириус и соѕвездието малата мечка, а од собата на кралот кон Орион.

Regulus
Pyrorion

Изида и Хорус. Денес, е веќе познато дека христијанството е изградено врз темелите на Египќаните. Најдобар доказ за тоа е оваа корелација на Изида која го дои синот Хорус, и иконографијата на Марија и Исус .Тие се исти. Хорус во Египет, бил обожуван како симбол на сонцето. Ако погледнеме како Божиќ, раѓањето на Исус, кој според Грегоријанскиот календар е на 24 декември, се совпаѓа со истата дата која е позната, како Ден на победа на сонцето, сосема е очигледно влијанието на египетскита религијата врз христијанството. Можат да се најдат и поврзаности со египетската митологија на Хорус, со приказната за Исус. Хорус, исто така, е роден во тајност, затоа што во спротивно,би бил убиен од лошиот Бог Сет – тогашниот владетел на Египет. Кога Хорус пораснал, се борел со Сет, да го превземе владеењето со Египет, при што победил. Конечно, тој успеал да се искачи на небото кај својот татко Озирис, при што самиот тој станува Озирис. Овие последни симболи, јасно го отсликуваат воскресението на Исус и неговото заминување кај Отецот на небото.

Izida-Horus

Aпеп (Апофис). Во египетската митологија, Aпeп се сметал за господар на злото, темнината и хаосот. Тој бил претставуван како голема змија или понекогаш како крокодил. Се верувало дека тој е античкиот дух на злото и деструкцијата, кој живее во вечната темнина. Исто така се верува дека Aпеп, командувал со армија од демони кои го мачат човекот. Тој бил ривал на богот Ра, оној кој е светлост и оној кој носи светлина. Се верувало дека Aпеп сакал да ја проголта светлината, и секој ден пред зори, битката се одржувала помеѓу боговите Ра и Апеп. Тој бил египетски приказ на силите на распаѓањето, темнина и нечовечноста. Бидејќи сѐ тоа се одвивало, целосно надвор од светот на природата, се верувало дека тој нема потреба од храна, освен, вдишувањето на сопствените крици. Неговите функции се бескрајни циклуси на злобни напади, порази, и повторни напади. Неговата внатрешност, како човек, се карактеризирала со недостатокот на свест, загуба, неодговорност, морално и духовно пропаѓање. Aпеп во древниот Египет немал храмови, бидејќи нему никој не му се восхитувал.

Apep

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi