Во ноември оваа година, договорот на Дејвид Бекам со ЛА Галакси истекува. До овој момент, тој нема потпишано договор со ниеден друг клуб.
Бекам е поврзуван со премиерлигашот Квинс Парк Ренџерс, меѓутоа Хери Реднап се надева дека доколку Бекам се врати во Премиер лигата, ќе игра за неговиот Тотенхем.
„Ако Дејвид сака да дојде во Тотенхем јас ќе го дочекам со раширени раце. Тој дефинитивно е подготвен за да игра во Премиер лигата. Неговата игра никогаш не зависела од брзината, па така дали тој е брз или спор е тотално неважно. Тој е пример за младите фудбалери, начинот на кој што се чува од повреди, начинот на кој тренира, и сепак покрај цел тој успех, тој остана обичен и нормален дечко,” изјави менаџерот на Тотенхем Хери Реднап.