Се очекувало дека приборот ќе достигне вредност од најмалку половина милион долари, но тоа не се случило, па аукциската куќа Александар Автографик ја прифатила единствената висока понуда.
Претседателот на аукциската куќа Бил Панагопулос изјавил дека купецот е Американец кој го додал предметот во својата приватна колекција. Панагопулос тврди дека Хитлер лично го дизајнирал приборот.
Бакарниот прибор е користен за Минхенскиот пакт кој го потпишале Адолф Хитлер, италијанскиот премиер Бенито Мусолини, британскиот премиер Невил Чемберлејн и француски премиер Едуард Даладиер, 30 септември 1938.