Хитлер живеел среќно и долго во Аргентина!

popara29 ноември, 20111min00
002

Хитлер и Ева умреле од старост на својот имот во Аргенина.

Ова е куќата во која Хитлер мирно починал во 73 година од својот живот, оставајќи зад себе две ќерки. Така барем вели теоријата на заговор. Денеска резиденција на INALCO, имотот на преубавото езеро Нахуел Хуапи во аргентинската Патагонија, бара нов сопственик.

Според одредени тврдења, постојат повеќе докази дека Хитлер пребегал во Аргентина, отколку дека се убил.

Од друга страна пак, Хитлер се убил на 30 април 1945 година во берлински бункер. Ева Браун, неговата сопруга пак се отрула со цијанид. Според инструкциите на Хитлер, двете тела биле запалени. Светот никогаш не доби непобитни докази за ова.

Националниот парк Нахуел Хуапи во чие средиште е исто именото езеро, сместен е во подножјето на Андите, во близина на границата со Чиле. Најголемиот град во близина е San Carlod de Bariloche, познат како топ дестинација за брачни патувања и како главен град на чоколадата во оваа земја, поради фабриката за чоколади која е во близина, а местото го нарекувале мала Швајцарија.

Дека ова место станало нацистичко пребежиште по Втората светска војна е јавна тајна. Локалните жители кажувале приказни дека таму кратко живеел и Менгеле, пред неговото заминување во Буенос Аирес и неговата смрт на плажата во Бразил во 1979 година. Исто така, Мартин Броман, чија судбина никогаш не била во целост разјаснета, како и Адолф Ајхман кој во 1960 година бил пронајден од агентите на Мосад.

Внатрешноста на имотот каде наводно живеел Хитлер имал сличности со неговата викендица на Баварските Алпи. Спалните соби биле поврзани со тоалети, имало голем двор и летниковец. Мала патека која води до брегот на езерото. Оваа вила видлива е само од езерото, а од другата страна е целосно скриена од шумата. Вилата имала своја градина и домашни животни, а на тој начин претставувала мини фарма. Вилата се нуди како одлично место за да се избега од остатокот од светот.

Инаку, теоријата дека Хитлер починал во таен нацистички рај во Аргентина е позната од порано.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag