Глумецот Хју Џекмен нема многу среќа при посетите на телевизските шоуа, па така после славниот пад кај Опра Винфри имаше несреќа и во студиото на Т4 шоуто. Хју влегол во студиото и почнал да се зеза со водителите, а при неговото трчкарање наоколу елегантно се пролизгал и паднал на задникот. Тој самиот, откако станал, искоментирал “ Добро е, ова не е толку страшно како тогаш кај Опра“ и слатко се насмеал. Како изгледаше сето тоа погледајте во видеото.