Хју Хефнер, сопственик на најпознатиот магазин за мажи Playboy, признал дека никогаш не се впуштал во авантури со жени постари од 40 години.
Иако Хефнер веќе одамна влезе во осумдесетите години, и ако погледнеме наназад можеме да видиме дека на девојките со кои излегувал може да им биде дедо, сепак тој нема никаков проблем со недостаток на млади девојки во неговиот живот.
-Најстарата жена со кој излегував имаше околу 40 години, но ако ме прашувате за природата на нашиот однос, тогаш таа имаше 30 години – се пофалил познатиот заводник.
Хју два пати се ожени, но тоа ниту во еден момент не го спречило да продолжи да се забавува со други девојки.